Крсте Трајковски се враќа од Грција со убедлива победа !

кт2

Македонскиот херој Крсте Трајковски, уште еднаш покажа, дека е еден од најдобрите македонски автомобилисти. Крсте и овој пат се враќа како победник, со пехар од трката која се возеше во Портариа, Грција. Нашиот херој, беше единствениот македонец, кој настапи на оваа трка. Крсте покажа храброст и решителност, а сето тоа му донесе убедлива победа.

Патеката ја помина со време од 4:07,50 кое му донесе пласман на првата позиција, во неговата Класа ЕЕ10 1600 cm3 и 4-то место во генералниот пласман.Ова е голема победа за Крсте но воедно и голема победа за Македонија. Верувам дека многу македонци ќе ги израдува оваа убава вест.

Image

Мора да пишам и некој збор за медиумите. Неможам да останам рамнодушен. Пишував колумна на таа тема, но пак ќе споменам. Навистина е жалосно, ретко кој од поголемите медиуми известува за успехот на нашите автомобилисти. И автомобилизмот е спорт како и сите други спортови. И автомобилистите не представуваат гордо како кошаркарите, ракометарите, фудбалерите…Потребна им е поддршка и голема почит, бидејќи како што другите спортисти своето срце го оставаат на терен,за Македонија, така автомобилистите го оставаат, на тркачките патеки…!

This entry was posted in Останато КирцаМКД and tagged . Bookmark the permalink.

Напишете коментар